Јамајка на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) за прв пат во својата историја ќе биде претставена со дури три екипажи во боб – санкање, објави денеска Олимпискиот комитет на Јамајка.
– Тоа ќе биде оган на мразот, објави Олимпискиот комитет на Јамајка на својот Твитер профил, најавувајќи го настапот на трите екипажи во машка и женска конкуренција на Игрите што од 4 до 20 февруари ќе се одржат во Пекинг.
Јамајка за прв пат настапи во боб санкање на ЗОИ 1998 во Калгари, а нивниот подвиг подоцна беше инспирација за филмот „Rasta Rockett-Cool Running”, кој доживеа голем успех. Еден од членовите на тој легендарен екипаж, Крис Стоукс, е актуелен претседател на Федерацијата во боб-санкање на Јамајка.
Сончевата Јамајка ќе има три екипи во санкање, а Македонија едвај тројца скијачи на толку многу планини и ски-центри. МОК ги потврди имињата на македонските спортисти кои ќе не претстават во Пекинг: Ана Цветановска – Крос кантри (дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари), Дардан Дехари – Слалом (дисциплини слалом/велеслалом настап на 13 и 16 Февруари) и Ставре Јада – Крос кантри – дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно, настап 8 и 19 Февруари).
Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.
Олимписката делегација која ќе биде водена од страна на спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски за Пекинг ќе тргне на 29 јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 февруари.
фото: www.cbsnews.com/