Чешката пејачка Хана Хорка, противник на вакцината против коронавирус, почина на 57-годишна возраст откако намерно се зарази со вирусот за да добие пропусница за коронавирус, соопшти нејзиното семејство.
Нејзиниот син Јан Рек изјави за јавното радио „iRozhlas.cz“ дека неговата мајка одбила да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот со кој тој и неговиот татко, двајцата вакцинирани, се заразиле пред Божиќ.
– Таа одлучи дека ќе живее нормално со нас и попрво ќе го добие вирусот отколку да се вакцинира – изјави Рек.
Два дена пред смртта, пејачката на чешката фолк група Асонанс на социјалните мрежи напиша: „Преживеав. Беше живовписно. Сега ќе има концерти, театри, сауни, патувања на море“.
Нејзиниот син ги обвини локалните анти-ваксери за смртта на нејзината мајка и рече дека ја имаат „нејзината крв на рацете“.
– Точно знам кој го оформил нејзиното мислење. Тажен сум што повеќе им веруваше на странците отколку на семејството и на тезите за стекнување природен имунитет на изложеност на болести – изјави Јан Рек.
Нов бран на пандемијата е во тек во Чешка, а само во понеделникот се заразени повеќе од 20.000 луѓе.
Извор: Телеграф.рс