Нова сообраќајна несреќа во Бугарија – Повредени 29 патници на автобус – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/22 5:01 PM

Нова сообраќајна несреќа во Бугарија – Повредени 29 патници на автобус

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој биле се судрил со камион во градот Ќустендил.

Според косовските медиуми, несреќата се случила околу 4.30 часот, кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва.

Возачот на камионот наводно се обидел да им укаже на другите во сообраќајот дека паднало дрво на коловозот. Автобусот удрил во камионот и излетал од патот.

Возачот на автобусот се здобил со полесни повреди и е пренесен во локалната болница.

Истрагата на самото место ја спроведе полицијата, а поради сообраќа јна незгода е поведена постапка и за истата е известен обвинител.

МИА