Несогласувањето со шефот понекогаш е сосема нормално, но има такви кои се „токсични“ за вработените што на крајот може само да му наштети на бизнисот на компанијата. Дополнително, ваквиот тип на претпоставени можат негативно да ви влијаат на напредокот во кариерата, па дури и на приватниот живот, затоа што имате лошо чувство во себе кога ќе ја напуштите работата.
Со нив работата што ја сакате може да се претвори во кошмар што почнува да ви создава чувство на вознемиреност, ви ја намалува самодоверба и ги убива работните перформанси. Има и такви кои бесрамно си земаат заслуги од вашата работа, јавно ве обвинуваат кога работите ќе тргнат наопаку, критикуваат сè што правите, објасни Лорна Данинг, тренер за личен и професионален развој од Велика Британија.
Како да ги препознаете знаците дека шефот е „токсичен“ и што можете да направите во врска со тоа.
1. Ве омаловажува, ве исмејува или покажува грубост и непочитување.
На пример, за време на состанок, јавно ве кара како што родителите ги караат децата, ги отфрла вашите мислења или идеи, иако се добри, ви поставува прашања за кои знае дека не ги знаете одговорите, а потоа ве критикува што не одговарате.
2. Покажува агресивно однесување кон вас, поради што се плашите од неговите реакции.
3. Ја зема заслугата од вашата работа или ве става во центарот на вниманието.
4. Ве обвинува за сопствените грешки.
Тоа е тип на шеф кој троши повеќе време на пакување приказна (спин) за да избегне преземање одговорност за некој проблем отколку да го реши.
5. Исклучени сте од состаноците на кои треба да присуствувате.
Токсичниот шеф може да се обиде да не го дозволува тоа, со што отворено го саботира вашиот напредок во бизнисот.
6. Ве спречува да донесувате одлуки врз основа на вашата улога на работа или стажот.
Отровните шефови ја критикуваат секоја одлука што ќе ја донесете, инсистираат да држат сè под нивна контрола, па дури и да наметнат административни забрасни за да ве спречат да имате каква било автономија.
7. Фокусирани сте на потребите на вашиот шеф, наместо на вистинските деловни приоритети поврзани со вашата улога и цели.
На пример, останувате будни до доцна за да ги задоволите потребите на шефот, што нема никаква врска со тоа зошто сте ангажирани на работата.
8. Ги доведувате во прашање своите способности за кои некогаш сте се чувствувале безбедни, а самодовербата драстично ви паднала.
На пример, ги поминувате викендите размислувајќи за работата, работите долги часови за да бидете сигурни дека сè е совршено и се плашите да донесете одлука.
9. Се плашите од последиците од незадоволството на шефот.
10. Се чувствувате премногу нервозни и вознемирени поради работата.
– Ако претпоставениот ви нуди само критики, тоа може да ја поткопа самодовербата и на најдобрите вработени, а таа е важна во бизнисот. Поминувате повеќе време без самодоверба, фокусирајќи се на слабостите, размислувајќи што може да тргне наопаку, делувајќи од страв, што негативно се одразува на работата и резултатите и на крајот и на кариерата – вели овој експерт.
извор: 24sata.hr