Прогласена кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/22 12:17 AM

Прогласена кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје

Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија донесе вечерва на седница Владата, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

-Со одлуката се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, соопшти владината прес-служба.

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, на предлог на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која што ја формираше Министерството за економија, ќе се преземат мерки и активности во врска со обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија согласно утврдената кризна состојба, согласно Законот за енергетика и Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на топлинска енергија, најавуваат од Владата