Уште не заживеа целосно во пракса, работниците не ги добија ниту повисоките дневници, а „недела неработен ден“ може да падне на Уставен суд.
Најголемата комора на престваниците на најголемите бизниси во земјава – Стопанската комора на Севера Македонија преку две иницијативи ги оспорува законските одредби за „недела неработен ден“. Иницијативите се стасани во периодот од 10 до 14 јануари годинава. Комората оспорува членови од двата закони кои собранието ги изгласа пред Нова Година за тие да почнат да се применуваат во пракса од почетокот на годинава.
Членовите 4,5 и 6 од измените и дополнувањата на Законот за трговија кои се однесуваат на работното време, инспекцискиот надзор и прекшочните санкции, според Комората биле во спротивност со слободата на пазарот и претприемништвото и начелото на еднаквост, загарантирани со Уставот.
Со втората иницијатива се оспоруваат измените во Законот за работни односи кои се однесуваат на уредувањето на работата во недела. Одредбите според Комората се спротивни на слободата на пазарот и претприемништвото, темелмните вредности и еднаквоста на граѓаните.
Ова доаѓа во време кога само што почна да функционира неделата како неработен ден и кога паднаа првите казни од инспекторите за прекршување на работничките права.
Од трудовиот инспекторат информираа дека во првата неработна недела од годинава, на втори јануари се извршени 38 надзори од страна на трудовите инспектори при што биле констатирани девет неправилности. На деветти јануари извршени се 48 надзори во кои се констатирани шест неправилности. Изречени се 15 инспекциски мерки од кои една е забрана за работа, поради утврдување дека работодавачот немал право да работи во ден недела, а дополнително кај него е затекнат и непријавен работник.
Од 1 јануари годинава неделата стана неработен ден за голем дел од дејностите. Со законските измени, за 92 отсто од работниците недела треба да биде неработен ден.
За останатите, кои ќе работат во недела, измените предвидуваат за најмалку 50 проценти поголема дневница и слободен ден за оне кои се дел од дејностите неопходни за функционирање на општеството, дејности во кои работниот процес не смее или не може да биде запрен, како и 100 проценти поголема дневница и слободен ден за оние кои ќе работат во несуштинските дејности на кои ќе им биде дозволено да работат.
(А.С.)