Четиридневна програма за одбележување на 74 години слободна Виница (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/18 2:19 PM

Четиридневна програма за одбележување на 74 години слободна Виница (видео)

Со четиридневна богата програма Виница го одбележа 30ти август – денот на ослободувањето.
Посетителите на Општината во Кочанската Котлина имаа можност да проследат четири концерти, две изложби, да бидат дел од промоција на научно истражувачки труд, театарска престава и за прв пат дел од трките „Чупино Треил“.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=rTTzo1V6rUE]
Настанот „Чупино Треил 2018” вклучуваше две трки со различни должини на падините на Плачковица.

Натпреварувачите имаа можност да одберат пократка трка „Бумбарска треил” која беше предизвик за почетници во планинското трчање. Патеката е долга 13 километри со 800 метри висинска разлика. Поголемиот планински предизвик е трката „Чупино Треил” која има должина од 30 километри со 1800 метри висинска разлика. Таа минува низ селата Липец и Блатец за потоа да се упати кон стрмно искачување до врвот Чупино Брдо 1725 м.н.в. Попатно, натпреварувачите може да се воодушевуваат на прекрасните погледи на Осогово, Кадиица, Пирин, Рила, Беласица, Кожув, Јабланица, Шар Планина и Митикас, Грција. – рече Дарко Атанасов дел од тимот за организација The Running Squad.

Триесетте километри предизвик во трката за „искусни“  прв во машка категорија ги совлада Александар Спасов од Бугарија.

За трката дознав од организацијата „Владимир Попов“, од таму ме поканија и искрено се радувам што бев дел од оваа трка. Навистина беше тешко, но успеав