Претседателот на Русија Владимир Путин ќе го посети Белград во октомври или во ноември, информираше денеска рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин.
„Имаме дибри политички односи и го очекуваме тука во Србија претседателот Путин во октомври или ноември“, им изјави Чепурин на новинарите на градилиштетот на тунелот Чортановци, кој се гради во рамките на идната брза пруга Белград-Будимпешта. Тој најави дека во октомври ќе се одржи меѓувладин комитет за соработка на двете земји, на кој ќе се разгледаат повеќе прашања.
Чепурин наведе дека во Србија „доаѓаат стотина преставника на руските власти и на стопанските субјекти кои треба да ги разгледаат перспективите за наредните години.“
Тој додаде дека ова ќе се случи пред посетата на Путин на Србија, која според Чепурин „ќе ги одреди плановите за наредните години“.
Според него Русија станала трет надворешнотрговски партнер на Србија, а може да стане и втор партнер.