Во Франција нема повеќе да се играат на светски турнири невакцинирани спортисти, откако министерката за спорт Роскана Марасинеану донесе одлука дека вакцината ќе биде задолжителна за сите учесници поради јавно добро на Франција.
Министерката потпиша закон кој се однесува на задолжителна вакцинација за многу други активности, вклучувајќи ги и спортските активности. Со тоа, доколку не се вакцинира, првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да може да игра и на претстојниот Ролан Гарос, кој се игра од 22 мај до 5 јуни.
Претходно беше соопштено дека вакцинацијата е задолжителна и за учеството во Вимблдон и УС опен.
Новак Ѓоковиќ е еден од малубројните светски познати спортисти кој не е вакциниран против Ковид – 19. Тоа беше и причината што австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук го искористи своето дискреционо право и му ја поништи визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ за настап на Австрлалија опен, на кој денеска требаше да игра, по што беше депортиран од Австралија.