Хрватска започнува процес на преминување кон еврото како парична единица. Владата го одреди како датум 1 јануари 2023 година, кога државата треба да премине во еврозоната. ПремиеротАндреј Пленковиќ, заедно со вицепремиерот и министер за финансии Здравко Мариќ и министерот за економија и одржлив развој Томислав Ќориќ, денеска ќе го презентираат предлог-законот за воведување на еврото како официјална валута.
Како што изјави претходно Мариќ, неговото донесување се очекува во април годинава. Со овој закон ќе треба да се сменат 46 закони и повеќе од 70 подзаконски акти пред воведувањето на еврото.
Според истражувањето што го објави Евробарометар минатото лето, дури 61 отсто од Хрватите го поддржуваат воведувањето на еврото и веруваат дека, генерално, тоа позитивно ќе влијае на државата. Дури 71 отсто од Хрватите сметаат дека ќе се зголемат цените, 82 отсто дека ќе има злоупотреби и заокружување на цените, а 80 отсто граѓани оцениле дека при воведувањето на еврото цените треба да се прикажуваат и во евра и во куни.
Извор: avaz.ba