Видео снимка со медицинска сестра од Италија која содржината на вакцината ја вбризгува во вата, наместо во раката на пациентот, се појави на социјалните мрежи.
Полицијата во Италија уапси неколку медицински сестри за кои кажуваат дека им помогнале на антиваксерите да го лажираат својот статус на вакцинација против ковид-19 така што прво ги празнеле своите шприцеви во вата наместо да ги вбризгаат во рамото.
Полицијата во Палермо објави на Твитерт видео на кое се гледа како 58-годишна жена во центарот за вакцинација која им покажува на пациентите дека ја испразнила нивната доза во памучна газа. Жената потоа ги „вакцинира“ пациентите со празен шприц.
Медицинската сестра лажела дека и самата примила бустер доза. Полицијата ја обвинила за фалсификување и проневера, пренесе Гардијан.
Уште една сестра е уапсена во Италија, на 12 јануари во Анкона и обвинета дека лажирала дека давала вакцина против ковид-19 на 45 луѓе, објави локалниот весник Ил Ресто дел Карлино.
Антиваксерите и плаќале 340 евра по инјекција да ги прска дозите во канта за отпадоци пред да ги боцне, пренесе весникот.
#Digos Palermo ha arrestato un’infermiera impiegata presso il reparto malattie infettive, autrice di fittizie vaccinazioni contro il #Covid_19
È indagata per falso ideologico e peculato. Anche lei avrebbe beneficiato di una falsa vaccinazione relativa alla dose booster #15gennaio pic.twitter.com/rQnZi5Q69t— Polizia di Stato (@poliziadistato) January 15, 2022
Извор: Mondo.rs