(видео) Црногорски ракометар ги исплука македонските навивачи заработи 5000 евра казна и се извини – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/22 9:43 AM

(видео) Црногорски ракометар ги исплука македонските навивачи заработи 5000 евра казна и се извини

Црногорскиот ракометен репрезентативец Марко Ласица и’ се извини на македонската јавност за гестот што го направи по натпреварот на Европското првенство. Ласица синоќа ги плукна македонските навивачи по натпреварот што нашата селекција го изгуби со 28:24.

„Сакам да и се извинам на македонската јавност и да ја објаснам ситуацијата. Цел натпревар ме гаѓаа со парички и ме плукаа, а по натпреварот таканаречен навивач на македонската репрезентација плукна дури и кога бев во негова близина. Му возвратив и направи грешка и затоа се извинувам. Високо ја ценам македонската публика, нејзината посветеност кон репрезентацијата и клубовите. Но, овие поединци кои се однесуваат недостојно не се навивачи. Вујовиќ и синоќа беше удрен со шише од трибините. Сепак, мојата реакција е за секоја осуда и се извинувам за мојот потег“, изјави Ласица.

На видеото од натпреварот може да се слушне пцуење во публиката и приближувањето и недоличното чин на црногорскиот ракометар, кој за овој потег заработи казна од ЕХФ од 5000 евра.


Веднаш реагираа и останатите играчи од репрезентацијата на Црна Гора и инцидентот брзо се заврши.

Црногорскиот весник „Вијести“ пишува:

„Навивачите се навивачите, а еден спортист, репрезентативец, во никој случај и по секоја цена не треба да си дозволи да го направи тоа што го направи Ласица, без разлика што се случуваше во текот на натпреварот“

 

видео: Твитер dribling.mk