Французите добија нов министер за животна средина – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/18 2:01 PM

Французите добија нов министер за животна средина

Францускиот претседател, Емануел Макрон денеска го именуваше Франсоа де Ружи за министер за животна средина – соопшти Елисејската палата.

Де Ружи е поранешен пратеник од зелените, а сега е член на владејачката партија.

Именувањето на Ружи доаѓа откако Никола Ило поднесе оставка поради недостиг на поддршка од Владата. Тој образложи дека одлуката за оставката е резултат на „насобрано разочарување“ поради неадекватните чекори во борбата против климатските промени, одбраната на биодиверзитетот и решавањето на другите закани по животната средина.

Франсоа де Ружи е познат како прагматичар, кој минатата одлука ја поддржа одлуката на Макрон за одложување на фазната редукција на нуклеарна енергија во производството на електрична енергија во Франција.

 

Извор: МИА