Атиџе утре го слави нејзиниот 58 роденден. По тој повод од вечер на полноќ стартува аукција на нејзин портерт.
Акцијата ја објави нејзината пријателка, пејачката Сузана Турунџиева на нејзиниот Фејсбук профил.
-Вечер точно на полноќ ќе стартуваме роденденска хуманитарна аукција по повод 58 роденден на Атиџе. Ќе има 24 часовно наддавање на портрет на Атиџе кој го изработи младиот и талентиран Сашо Милевски во техника акрил на платно, со димензии 90х70. Оној кој ќе понуди највисока цена за портретот, ќе ја купи сликата, а средствата ќе и бидат подарени лично на Атиџе. Добредојдени сте да се вклучите во наддавањето кое ќе биде транспарентно, во коментари на постот кој за кратко време ќе го објавам на мојот ѕид, напиша Сузе на Фејсбук.