Водителката Милена Антовска Станковска пред два дена роди ќеркичка, која по желба на сопругот Гордан се вика Јоана. Милена се подори со царски и конечно си дојдена себе, бидејќи како што вели, за разлика од првото породување, кога по природен пат на свет ја донесе ќеркичката Лана Марија, сега воопшто не било така.
-Јас сум поборник за породување по природен пат, но овој пат тоа беше невозможно. Јоана во последен момент се сврте со нозете и нема шанси природно да се породам. Но, фала му на Бога, се помина во најдобар ред, двете сме живи и здрави. а тоа е најважно. Се надевам дека утре ќе не пуштат дома, рече Милена.
Таа во четвртокот требаше да го слави својот роденден, но поради породилните болки славењето изостанало. Ниту, пак, добила подароци за роденден, сама на себе си го даде најубав подарок.
– Јас место да славам роденден, се подготвував за породување. Тогаш почнаа болките. Утрото пред да излезам за болница имав торта од Лана и Гордан. Ми дуваа свеќи и така ме испратија, сама. Поради короната не пуштаат придружба. Па, јас цела бременост сама секаде ја поминав, на сите прегледи. Но, ете, фала му на Бога бидна. Два дена бевме по болници на прегледи, ептен беше густо. Прв пат не го почувствував мојот роденден, не ни помислував, заборавив дека ми е роденден. Вистина од болка заборавив на роденденот, бидејќи.дента два пати бев на преглед и утредента ме задржаа. Но, ете сето тоа помина и најважно е што е се во ред, вели среќно Милена.
Јоана го добила името по желба на тато Гордан, додека за првата ќеркичка името било заедничко решение.
-Јоана беше предлог на Гордан. Се договоривме прилично брзо за името. За првата ќерка и двајцата сакавме Лана, но Марија го додадовме, бидејќи се роди на Богородица. А сега се породив еден ден после мојот роденден и подобро, за да си има свој ден и плус е на празник, на Василица, вели Милена и додава:
-Лана се радува, не може да дочека да се вратиме дома. Подготвено е дома се, не чекаат. Се слушнавме и таа вели дека едвај чекала да не види, веќе не ме пуштала никаде да одам и демек таа ќе го чувала бебео и ќе ми помагала. Деца, нека се живи и здрви. Едвај чекам утре да не пуштат, ни рече среќната мајка.
Од утре оној што најмногу треба да мисли е тато Горда, бидејќи ќе живее сто три принцези. Односно како еден лав ќе се справи со два јарци и една девица.
-Хахахха. Уште сега се жали, вели мајко мила со три жени. Но, тој е лав во хороскоп, ќе се справи со мене и Јоана, кои сме родени во знакот на јарец,а Лана Марија е девица. Иако сме три, а тој е сам, ќе се справи, се шегува Милена.
(В.М.)
Фото: Фејсбук
Ќе ме чуваат две девојчиња – Водителката Милена е бремена, чека втора ќерка
Не сум здебелена, супер сме со бебето – Водителката Милена го покажа стомачето
„Не сум антиваксер ама стравот е голем“ – Бремените жени во паника, дали да се вакцинираат и која вакцина е најдобра за плодот