Херој мачор – Поминал 30 минути во машина за перење – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/22 5:00 PM

Херој мачор – Поминал 30 минути во машина за перење

Мачорот со име Брош од Украина е навистина среќен мачор. Поминал 30 минути во машината за перење пред сопствениците да ја извадат.

Мачорот често спиел во барабанот на машината, но тој ден дошол редот да се пере креветот на кучето. Бидејќи креветот бил сив како мачката, сопственичката не го забележала животното внатре, поради што ја вклучила програмата за перење.

Мачорот бил внатре околу половина час пред сопственикот да го слушне врескањето. Брзо бил пренесен на ветеринар.

Ветеринарите го прегледале и констатирале дека е во шок и од прашакот не може да ги отвори очите, додека од устата му излегувал силен мирис на детергент. Му ја дале потребната терапија и го пуштиле на домашно лекување. Брош сега е во ред. Имал навистина многу среќа!

Преземено од: https://www.srbijadanas.com/
Фото: Profimedia