Три природни начини кои ќе ви помогнат да ја отстраните влагата во вашиот дом – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/22 3:08 PM

Три природни начини кои ќе ви помогнат да ја отстраните влагата во вашиот дом

За да ставите крај на влагата во домот, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го решите проблемот со малите габи на природен начин и без штетни хемикалии.

Влагата е еден од главните непријатели на многу домаќинства. Често се појавува на темни, топли и влажни места внатре или надвор од куќата. Освен што го оштетува изгледот на вашето домаќинство, влагата може да предизвика и алергиски реакции кај многу луѓе.

За да ставите крај на ова, ви носиме неколку совети кои ќе ви помогнат да го решите проблемот со малите габи на природен начин и без штетни хемикалии.

*Измешајте лажичка природен детергент за миење садови со лажичка боракс (натриум борат). Додадете 2,5 dcl топла вода во смесата, истурете ја течноста во шише со распрскувач и испрскајте ја областа погодена од влага. Оставете малку да отстои, а потоа исплакнете ја смесата со обична вода.

*Од влагата можете да се ослободите и со помош на етерични масла. Измешајте една лажичка есенцијално масло од еукалиптус со лажичка метил алкохол и две шолји вода, испрскајте и оставете да се исуши. Мувлата ќе исчезне за миг. Мешавина од 1 лажичка есенцијално масло од чајно дрво и две шолји вода е подеднакво ефикасна. Истурете ја смесата во шише со распрскувач, испрскајте го погоденото место и оставете. Оваа смеса не треба да се плакне. Сосема природна опција.

*Измешајте оцет и вода во сооднос 1:4. Испрскајте ја областа погодена од влага и оставете ја да се исуши.

**Иако повеќето од овие производи се безбедни за употреба на подови и плочки, доколку имате намера да исчистите други површини, ве советуваме да направите тест на помала површина пред да исчистите големи површини за да избегнете несакани ефекти.

Преземено од: https://www.alo.rs/