Западниот дел на Јапонија, денеска го погоди моќен тајфун. Поројните дождови предизвикаа сообраќајни незгоди и поплави на главниот меѓународен аеродорм.
Тајфинот наречен „Џеби“ со јачина од 160 до 190 километри на час е класифициран како „многу силен“ и е најсилен тајфун што досега ја погодил Јапонија, од 1993 година, пренесува јапонската Киодо њуз.
Јачината на ветерот е толку силна, неговата висина доведе и до ситуација танкер да удри во мост.
Силни дождови и ветрови се очекуваат во текот на денот, а главниот град на Јапонија, Токио ќе го избегне најилниот удар, соопштуваат меторолозите. Статистика вели дека во јули годинава во поплавите загинале повеќе од двесте луѓе, имало препораки за евакуирање на 300.000 луѓе а речиси шестотини летови се откажани поради тајфунот „Џеби“.
Веќе се издадени препораки и предупредувања за поплави, свлечишта и силни бранови во областите разорени од поплавата.