Почина Мајкл Џексон – радио водител од Лос Анџелес – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/22 12:35 PM

Почина Мајкл Џексон – радио водител од Лос Анџелес

Иако неговото име и презиме асоцира на легендарниот Мајкл Џексон, сепак станува збор за уште една легенда од светот на радио водителството.

Мајкл Џексон, познат радио водител од Лос Анџелес, почина во саботата, на 87 годишна возраст. Според семеен извор, Мајкл боледувал од Паркинсонова болест повеќе од една деценија.

Роден е во Англија, Џексон ја преживеа Втората светска војна и бомбардирањето на Британските острови, каде што неговиот татко служел како навигатор инструктор за Кралските воздухопловни сили.

По војната, неговото семејство се преселило во Јужна Африка, каде што ја започнал својата кариера како радио диск џокеј.

Во 1958 година, ужаснато од апартхејдот, семејството се преселило во Сан Франциско.

Преземено од: https://www.espreso.co.rs/
Фото: Prinstcreen/Youtube