Најновите фотографии на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун покажуваат дека тој изгубил голем број килограми. Многумина на интернет беа воодушевени од неговиот изглед, па дури и на шега го нарекоа Ким Слим Ун.
Државниот врв инсистираше Ким да консумира помалку храна поради тешката ситуација во земјата, која се бори со голем недостиг на храна. Сакаа Ким повеќе да изгледа како човек од народот, бидејќи да се биде дебел владетел во земја каде што голем број граѓани умираат од глад лошо влијае на неговиот имиџ.
Она што секако придонесе за слабеењето на севернокорејскиот лидер е пандемијата на корона вирусот и затворањето на границите, па сега е многу потешко да се дојде до одредена храна во која некогаш уживал овој диктатор.
Ким наводно е опседнат со швајцарско сирење, сака да консумира алкохол и има пристап до брза храна.
Некои претходно сугерираа дека Ким намерно се здебелил за да личи на неговиот покоен дедо Ким Ил Сунг, кој е и основач на Северна Кореја. Се чини дека пандемијата и ограничувањата во пристапот до мрсна храна му оделе во прилог на Ким Џонг Ун, бидејќи со слабеењето успеал малку да го подигне моралот на својот гладен народ.
– Веќе не може да пристапи до некоја храна која порано ја имал во изобилство, но со слабеењето не го губи наследството што му го оставил дедо му. На луѓето им покажува дека е со нив и дека не ја зема целата храна за себе, додека тие се борат да преживеат – вели д-р Лим.
Лим додава дека неговиот имиџ во јавноста е целосно измислен и дека ништо не е природно и спонтано.
Извор: www.blic.rs