Ноле разочаран од одлуката на судот, мора да ја напушти Австралија – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/22 8:59 AM

Ноле разочаран од одлуката на судот, мора да ја напушти Австралија

Рано утрово по европско време австралискиот федерален суд ја потврди одлуката на министерот Алекс Хок за укинување на визата издадена на тенисерот Новак Ѓоковиќ бидејќи претставува ризик по здравјето на австралиската заедница.
Судот извести дека причините за одлуката ќе бидат објавени подоцна.
Адвокатот на Ѓоковиќ, пак, изјави дека нема докази тој предизвикал протести од антиваксерите и дека одлуката на министерот да му ја одбие визата била „неразумна“ и „погрешна“.

Австралиската влада тврди дека српскиот тенисер, кој не бил вакциниран, претставува „ризик за здравјето“.
Оваа одлука, иако нема можност за жалба до Федералниот суд, можеби не е последна, бидејќи адвокатскиот тим на Ноле може да поднесе жалба до Врховниот суд на Австралија.

Проблемот е само што е многу мала веројатноста дека процесот во Врховниот суд на Австралија би почнал и завршил на време за да Ѓоковиќ  може да игра на Австралија Опен.
Главниот адвокат на Ѓоковиќ по изрекувањето на пресудата  рече „дека на адвокатскиот тим му треба малку време да размисли што понатаму“.

Веднаш по одлуката на судот Ноле кусо изјавил:

„Силно сум разочаран. Ќе земам одмор некое време пред да дадам поопширен коментар“.