„Срам да му е, ја напушти Даниела дека не може да му роди дете“ – Петар Грашо на столбот на срам – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/22 11:21 PM

„Срам да му е, ја напушти Даниела дека не може да му роди дете“ – Петар Грашо на столбот на срам

Петар Грашо наскоро за прв пат ќе стане татко, бидејќи неговата партнерка и семејна пријателка Хана Хуљиќ, која е 15 години помлада, е бремена.
Како бомба одекна веста дека хрватскиот пејач раскинал со Данијела Мартиновиќ со која беше во заедница 24 години и дека излегува со девојка која и неговата невенчана сопруга ја познаваат од детство.

Ова предизвика голема осуда во јавноста, па музичарот се најде на столбот на срамот. Многумина веруваат дека Грашо ја напуштил Данијела бидејќи не можеле да имаат деца и дека нашол „инкубатор“ кој конечно ќе му ја исполни желбата.
– Но, не можам да разберам како Петар Грашо ја шутна Даниела по 24 години затоа што не можела да забремени, а еве го, неколку месеци од раскинувањето, неговата нова девојка е веќе бремена. Колку го мразам Грашо, тоа е поган – еден од коментарите на Твитер, кој последниве денови стана вирален на социјалните мрежи.


Многу корисници на Твитер се надоврзаа на оваа објава, а некои отидоа дотаму што направија паралела помеѓу Петар и холивудскиот режисер Вуди Ален, кого посвоената ќерка Дилан Фароу ја обвини дека сексуално ја злоставувал кога имала седум години.

– Погледнете го примерот на педофилот Вуди Алан кого сите сè уште го обожаваат. Па што да очекуваме кога таквите постапки се оправдуваат со „љубов е“ – е еден од коментарите.
Имаше и такви кои ја бранеа љубовта на Грашо и Хана, но малку, а гневните корисници на социјалните мрежи веднаш ги осудија дека го оправдуваат.


– Замислете малата Хана  ја чуваат тетка Даниела и чичко Петар, така со кикици трчка. Данијела и Петар замислуваат еден ден да имаат свое девојче. После неколку години тој е со таа девојка со кикици и дали е тоа нормално за тебе? Лигаво што не може да биде полигаво! – е еден од коментарите.