ми е мене методолошкиот проблем во смисла како се води процесот, вели Колозова.
„Прво имате декларација на бугарски парламент имате резолуција на македонски парламент, парламентите однапред и задаваат на науката кои се академските научните црвени линии. Морам да кажам дека бугарскиот документ е политички поиздржан од нашиот, затоа што користи политичка терминологија. Не навлегува во есенции на идентитети, не зборува за гордост и автохтоност, додека нашиот звучи како поезија напишана од членови на МАНУ. Ние сме автохтона нација…знаете ли вие што е тоа да изговарате во Парламент дека сте автохтона. Прво звучи нацистички, ние од секогаш сме биле овде, векови во оваа земја сме. И двата документи се
неприфатливи. Бугарската декларација е за нијанса повешто напишана, затоа што во Брисел може полесно да помине, отколку нашата поезија. И на Брисел не му е јасно што сакаат Бугарите, тие постојано си го поставуваат тоа прашање, самата бугарска елита и јавноста, дека Европа не ги разбира. Европа со право не ги разбира затоа што се мешаат во идентитетски теми, отвараат
идентитетски прашања, на науката и наложуваат што да прави. На Европа не и е јасно што сакаат Бугарите, зтаоа што Бугарите јасно не кажуваат што сакаат, затоа што е политички непристојно да го изговорат тоа, дека сакаат историските Комисии да прогласат дека нема македонска нација пред 1944 година, што е неприфатливо. Како ќе и наложите на академијата која е таа една и единствена научна вистина да ја прифати и да ја прогласи за точна”, вели Колозова.
Отворањето на прашањето за бугарското малцинство во Македонија не е централно прашање во нашиот проект „Авении на соработка” што Институтот за општествени и хуманистички науки
решавање и самите се свесни за тоа, а од друга страна да добијат нешто што изгледа како триумф без да биде очигледно оти си го предале националистичкиот наратив кој што го тераат, затоа што ако го сменат фокусот и одат на политички прашања, на прашања на права на нивни граѓани
денес во современоста значи они навистина го напуштиле историскиот спор. И го замениле со друга тема која на Брисел му е поразбирлива. Таа вели дека треба да се фокусираме на Договорот, и на страна да ги оставиме двете политички декларации кои одат спротивно на духот на Договорот, и се тиранија врз науката.Нејзиниот впечаток е дека силите кои што се спротивставуваат на нашето пристапување во ЕУ и стојат зад ова вето само глумат силен национализам. Еве и да признаеме „ние сме Б’лгари” и не говориме македонски јазик дали ќе влеземе во ЕУ?.
„Дел од бугарските елити глумат силен национализам, бараат не знам кој степен на признание или