Британскиот „Vogue“ ја откри својата насловна страница за февруарското издание, во кое се појавуваат девет црнкинки кои редефинираат што значи да се биде модел.
Моделите Адур Акеч, Амар Аквај, Мајести Амаре, Акон Чангкоу, Мети Фал, Џенет Џамбо, Абени Ниал, Ниагуа Руеа и Анок Ја се на фотографијата на Рафаел Павароти, а моделите ги стилизирал главниот уредник Едвард Енинфул.
View this post on Instagram
„Со новата генерација модели, модата конечно станува навистина глобална. Девет модели кои ја красат насловната претставуваат трајна сеизмичка промена која стана поизразена на модните писти во сезоната 2022, пистите ги преплавиле модели со темна кожа чие африканско наследство се протега од Сенегал преку Руанда до Јужен Судан преку Нигерија до Етиопија, беше објавено на Инстаграм профилот на „Vogue“.
View this post on Instagram
Извор: Стил.курир.рс
Вог,Фото: Профимедиа