Заработува по 100 долари на час, а не работи ништо – Најпознатото мрзливо момче во Јапонија живее супер – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/22 10:08 AM

Заработува по 100 долари на час, а не работи ништо – Најпознатото мрзливо момче во Јапонија живее супер

Јапонецот Шоџи Моримото, за разлика од повеќето негови сограѓани, никогаш во животот немал високи цели или аспирации. Му се допаднало тоа што само постои, што некако успеал да го претвори во кариера.
-Не разговарам со луѓе. Јас одговарам само ако ме прашаат нешто и тоа е тоа. Мојата работа е само да бидам некаде, вели Шоџи Моримото, Јапонец кој е специјализиран едноставно за постоење.

Целиот живот семејството и колегите му велеле дека е мрзелив, дека не се живее така, дека нема да постигне ништо во животот… Но, не му било грижа. Таму во 2018 година му дошла идејата како тоа може да го претвори во професија, пишува CBS.
– Ги понудив моите услуги преку Интернет. Пишав дека не чистам, не сум тука за муабет, туку само тука сум. И луѓето почнаа да ми се јавуваат – ја започнува приказната Јапонецот и веднаш продолжува:


– Моите услуги ги користат луѓе кои се плашат сами да одат во продавница, луѓе кои се срамат да се појават некаде без придружба, луѓе кои само сакаат да седнат со некого на пијачка. Добро сум исполнет, имам три работни места дневно – вели Јапонецот, а новинарите се интересирале подетално да опишат еден од неговите клиенти.
– Една девојка ми плаќа да пијам кафе еднаш неделно. Ние не разговараме. Само седиме и доволно ѝ е, вели Шоџи, кој во Јапонија се прослави како неработник. Има напишано неколку книги, а неговите услуги чинат околу 100 долари по состанок.

– Не е до мене да се трудам. И има ли нешто подобро од тоа да не работиш ништо? – заклучува Јапонецот.

Извор: 24sata.hr

Фото: Принтскрин Твитер