Ана Бекута оваа недела за прв пат се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ по смртта на нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ. Ја донел нејзиниот внук Бранко, кој по смртта на политичарот се преселил во станот на баба му на Врачар.
Тој е нејзината најголема поддршка и во моментов не се одвојува од неа, исто како што тоа го побара Мркоњиќ на смртната постела.
„Бидејќи немал свои деца, Мрка го гледал синот на Ана, Игор како свој, а нејзините внуци, ги гледал како свои. За Соња и Бранко бил најдобар дедо на светот, а Бранко го гледал како иден заштитник на Ана. Му купил автомобило и го замолил секогаш да биде тука за Ана кога ќе и притреба и да не ја оставаат сама. Мрка секогаш ја прател Ана на гостувања, настапи и никогаш тоа не сакал да го препушти на возачот, кого можеле да го плаќаат, бидејќи на прво место му била нејзината сигурност. Тој уживаше да и биде поддржка, да ја смее и да се грижи за неа, како што Ана вети дека нема да престане да пее по неговата смрт, па Бранко му исполнува една од последните желби на Милутин Мркоњиќ – да се грижи за баба му“, вели извор близок до пејачот за Свет.
Извор: Курир.рс
Фото: Курир.рс, Ана Паунковиќ, Дамир Дервишагиќ, Немања Николиќ