Научниците од Универзитетот Јамазаки за технологија за медицина на животните и Мицуаки Оте од Токио, веруваат дека шетањето кучиња може да го ублажи стресот кај луѓето. Тие спровеле два експерименти во кои се обиделе да ги потврдат своите тези, а истражувањето го направиле на примерок од 34 сопственици и нивните кучиња.
Го процениле нивото на кортизол, окситоцин и невролошките нивоа кај сопствениците во три категории: пред прошетката на кучињата, 15 до 30 минути за време на прошетката, веднаш на крајот од прошетката и десет минути по неа, пренесува порталот Daily Paws.
Кортизолот е хормон на стрес, а окситоцинот хормон за добро чувство, сличен на допаминот и ендорфинот. Научниците Акијами и Охти решиле да ги анализираат овие два хормона, бидејќи претходните студии покажале дека шетањето на кучињата го зголемува нивото на окситоцин кај сопствениците и може да го намали нивото на кортизол.
Половина од луѓето доживеале зголемување на нивото на ГАБА рецепторите откако излегле на прошетка со кучињата, во споредба со прошетките што ги правеле сами. ГАБА, или гама-аминобутерна киселина, е невротрансмитер кој помага да се намали раздразливоста во автономниот нервен систем.
„Кучињата што шетаа не стимулираа окситоцин или кортизол во плунката на сопственикот, туку ги инхибираат церебралните нерви преку активноста на ГАБА, што укажува на ослободување од стресот“, пишува порталот.
извор: index.hr