Кој ќе спомне „ковид“ или „пандемија“ ќе плати 2 евра- паб во Ирска собрал 280 евра за дом за нега – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/22 11:24 AM

Кој ќе спомне „ковид“ или „пандемија“ ќе плати 2 евра- паб во Ирска собрал 280 евра за дом за нега

Еден паб во Ирска одлучи да им наплаќа на своите гости за секое спомнување на зборовите корона вирус и пандемијата.
На шанкот ставиле пластична чаша во која секој што ќе го спомне зборот „ковид“ мора да стави по две евра. Се започна како шега, но на крајот се претвори во добро дело.

Менаџерот на Alt Bar Кристофер Мур, изјави за RTÉ News at One дека веќе се собрани 280 евра и дека сите приходи ќе бидат наменети за локалниот дом за палијативна нега во Донегал.
„Бидејќи ги служиме гостите на маса, се вклучуваме во сечиј разговор и знаеме за што зборуваат сите. Без разлика за што и да почнат да зборуваат, се враќаат на темите за вирусот. Сакавме да ја промениме атмосферата и да ги охрабриме луѓето да зборувате за вообичаените работи, како што времето“, изјави Мур.

После тоа, тие ја започнаа кампањата GoFundMe.
„Почна како забава и се претвори во добар начин да се соберат средства за добра цел. Собираме пари за да му помогнеме на Донегал Хоспис и секоја донација ќе помогне“, напишаа во соопштението.

извор и фото: espreso.co.rs