Шекеринска: Единствен пат до ЕУ е час поскоро да станеме членка на НАТО – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/18 1:11 PM

Шекеринска: Единствен пат до ЕУ е час поскоро да станеме членка на НАТО

Дали НАТО ќе дојде во Македонија и  кои се бенефитите од  членство во Алијансата? Дел од прашањеата кои беа дилема на денешната панел дебата чија тема беше „МК во НАТО: Спроведување на НАТО приципите во Македонија“.

„Очекувам Македонија да стане членка на НАТО, и тоа да придонесе за стабилизација на целиот регион“ , беа зборовите на Реинхолд Робе, поранешен член на Бундестагот и омбусменот на Армијата на Германија, кој денес беше присутен на панел дикусијата.

„Фала му на Бога, што беше донесено прагматичко решение на Владата во однос на спорот со името. И затоа Македонија сега исправена пред околноста да биде членка на НАТО. Можност Македонија да пристапи кон Европската Унија, з апримеот во НАТО сега е отворен, ништо не и стои на патот на Македонија во врска со тоа. Господинот Столтенберг кажа дека поканата не претставува само јазичка флускула туку е нешто што е сериозно  и ако референдумот е успешен на 30 септември тогаш овие чекори ќе бидат неминовно спроведени“, изјави Реинхолд Робе.

Според министерката за внатрешни работи Шекеринска, членството во НАТО за Македонија е клучно од три крупни причини, безбедност, економија и членството во ЕУ.

„Ако ги анализирате сите анкети изминативе години, ќе видите дека најчесто безбедноста не ја квалификува високо на листата за проблеми. Бизнисот бега од опасност во истиот момент, и тоа се однесува на домашните а особено на странските инвестиции. Првата година кога Македонија ја зема првата евро обврзница успеавме да добиеме најниска каматна стапка и во образложението стоеше дека таа проценка и на очекувањата Македонија да ја добие НАТО поканата. За да реално влезете во процесот на зачленување кон Европската Унија е да го удрите тој печат со НАТО членство и да ги забрзате политички понатаму процесите. За држава од профилот, искуството, историјата, контекстот како Македонија единствен пат за да брзо станете членка на унијата е час поскоро да станете членка на НАТО“, изјави Радмила Шекеринска во нејзиното обраќање.

Мора да се објаснуваат и базичните вредности врз кои почива НАТО алијансата, посебно за обичниот граѓанин бидејќи за нив како што вели Стево Пендаровски тие се вистинска апстаркција, граѓаните бараат конкретен одговор што таа организација може да направи за нив.
„Една од вредноста на НАТО е солидарноста помеѓу земјите членки и тоа е најдобро прикажано од членот 5 од Основачкиот договор, нападот на членка се третира како напад врз сите, тоа на мали држави како што е Македонија и тоа како им е потребно. Вредноста на која почива НАТО Алијансата е демократијата со сите нејзини внатрешни компоненти и ова е една интересна паралела претпоставувам ниту луѓето во НАТО не ја пропагираат на таков начин, не постои ниту една земја членка на НАТО од моментот кога станала тоа, се здобила со тој статус па се до денес која од демократија станала диктатура. Слободата, според „Фридом Хаус“ во проесек членките на НАТО имаат неколку пати повисок индекс на слобода во просек сите заедно споредно со било која друга регионална организација, на било кој континет“, потенцираше Пендаровски.

Три мировни мисии на НАТО во 2001 година, сопирање на војната, создадени услови за имплементација на Рамковен договор, покана за членство во НАТО со сет задачи за исполнување, потстети Пендаровски на бенефитите што НАТО ги направи за Македонија.