Подгответе компири на француски начин, едноставен и вкусен ручек – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/22 11:11 AM

Подгответе компири на француски начин, едноставен и вкусен ручек

Печените компири на француски начин се вкусно, гурмаско јадење со единствен вкус. Ова е одличен ручек кој треба да го пробате.

Потребни состојки : 500 грама компири, 3 варени јајца, 1 јајце, 200 мл. јогурт, 100 мл. млеко, 4 чешниња лук, кашкавал, сол, бибер, масло.

Намачкајте го тавчето со масло, половина од компирите исечете ги на тркалца, посолите и побиберете. Врз нив наредете ги варените 3 јајца, и вториот дел од компирите. Изматете го јајцето, во него додадете го јогуртот, 30 мл. масло и млекото. Прелијте ги компирите и на крај ставете изрендан кашкавал. Печете на 210 степени околу 50 минути.

извор и фото: еspreso.co.rs