Контраверзини информации по наоѓањето на телото на поранешна полицајка во Охрид
Охридската полиција информираше дека вчера попладне е пронајдена мртва жена во стан во Охрид, по што во медиумите излегоа различни информации околу причините за нејзината смрт. Се работи за млада жена, поранешна вработена во Министерството за внатрешни работи, која пред четири години била отпуштена од службата.
Првично имаше информации дека смртта била насилна, по што повторно неофицијално е пренесено дека немало траги на насилство. Жената веќе неколку дена не излегувала од дома, по што по пријава полицијата влегла во станот и ја нашла мртва.
До доцна синоќа на увид беа екипи на СВР Охрид и Основното јавно обвинителство и се очекува во текот на денот да има повеќе информации околу случајот.