Три години после несреќата почнува судењето за смртта на Шабан Шаулиќ – Целото семејство заминува на рочиште во Германија – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/22 10:30 PM

Три години после несреќата почнува судењето за смртта на Шабан Шаулиќ – Целото семејство заминува на рочиште во Германија

Речиси три години од сообраќајната несреќа во која недалеку од Билефелд загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а Слободан Стојадиновиќ се здоби со тешки телесни повреди, целиот случај ќе го добие својот судски епилог.

Рочиштето на кое Турчинот Алсин Левент првпат ќе биде изведен пред лицето на правдата е закажано за 20 јануари, на Свети Јован.

Целото семејство Шаулиќ ќе замине во Германија да присуствува на судењето, кое веќе предизвикува голем интерес во јавноста, до тој степен што до судот пристигнале рекорден број барања за акредитација на претставници на германски и медиуми од околните земји.

Ова ќе биде првпат семејството да се сретне лице в лице со човекот кој го уби Шабан, а Гордана Шаулиќ за сето ова рече:

– Веруваме во судот во Германија и се надеваме на максимална казна, но колку и да е осуден, ништо не може да ни ги врати сопругот, таткото и дедото Шабан или да ја намали тагата и болката што ја чувствуваме. Двете семејства се завиени во црно и ќе живеат со него засекогаш.

Германец со турско потекло, роден во Гитерслоу, е обвинет за двојно убиство од невнимание, нанесување телесна повреда од невнимание, како и опасни дејствија во сообраќајот и возење без возачка дозвола. Според Окружниот суд, тој се изјаснил за виновен.

Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ загинаа на 17 февруари 2019 година, откако вечерта пред трагедијата настапија во Германија. Спасувачките екипи биле известени за несреќата утрото во 6 часот и 50 минути. До 9 часот и 30 минути патот беше непрооден, бидејќи пожарникарите два часа извлекуваа четири повредени од искршените автомобили.

Како што подоцна е утврдено, Алсин Левент на денот на несреќата возел без возачка дозвола, а бил и пијан кога со автомобил „мазда 6“ направил тешка сообраќајна несреќа на патот А2 кај Гитерсло. Како што е утврдено, Левент возел со брзина од 160 км/ч, на место каде што тогаш било дозволено да се вози 80 км/ч.

Извор: Пинк.рс