Апсурди – нема кој да го исчисти снегот што го блокира граничниот премин кај Крива Паланка – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/22 9:43 PM

Апсурди – нема кој да го исчисти снегот што го блокира граничниот премин кај Крива Паланка

Повеќе асови превозници од повеќе држави, возачи на шлепери, беа заглавени во колона пред граничниот премин Ѓуешево, кај границата помеѓу Македонија и Бугарија.
Како што изјавуваат превозниците застојот се прави поради неисчистениот терминал на Деве Баир, од македонска страна. Во колоната заглавени се превозници од повеќе држави, Македонија, Турција, Романија, Србија,
-Секоја година наидуваме на истиот проблем, неколку години по ред и првиот снег е веднаш пречка за непречено одвивање на сообраќајот. Снегот не е повеќе од десет сантиметри, но проблемот е што нема никој што го чисти терминалот, па преминување преку него е потешкотија и веќе шести час сме тука, премрзнати во колона, изјави еден од превозниците.
Апелираат надлежните конечно да се вклучат во решавање на проблемот бидејќи, како што посочуваат, се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи.
Патничките моторни возила што минуваат на терминалот од Македонија кон Бугарија се движат непречено.
МИА