На денот кога Бугарија забележа најмногу нови новозаразени од почетокот на пандемијата, протестот против зелениот сертификат ги блокираше улиците на Софија. Демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на парламентот, а полициски кордон ги оттурна од институцијата.
Неколку лица се повредени за време на демонстрациите во Бугарија, дознава nova.bg. Брза помош е на терен и моментално им помага на повредените, вклучително и демонстрантите и полицијата.
Едно лице е уапсено со гасен пиштол. Оружјето е одземено, а уапсениот е приведен во полициска станица, а полицијата подоцна извршила повеќе приведувања.
Демонстрациите ги организираше политичката партија „Вараждин“, која бара да се повлече сертификатот. Уште пред почетокот на протестот организаторите најавија дека на него ќе учествуваат околу 10.000 луѓе од целата земја.
Пратеничката група „Вазраждан“ на денешната седница на Народното собрание ја напушти пленарната сала за да се приклучи на протестот.
Во меѓувреме, најголемиот полициски синдикат ги повика демонстрантите да избегнуваат ескалација на тензиите. Пред почетокот на демонстрациите, на плоштадот пред Народното собрание беше донесен воден топ.
Извор: Нова.рс
Фото: Belish / Shutterstock Editorial / Profimedia