(фото) Груби се пофали дека ја водел седницата на Влада – каде се Заев и Никола Димитров? – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/22 1:09 PM

(фото) Груби се пофали дека ја водел седницата на Влада – каде се Заев и Никола Димитров?

-Денеска ја водев 132-рата седница на Владата, каде меѓу другото беше одлучено 670 милиони денари дополнително да се обезбедат за надминување на енергетската криза – се пофали на Фејсбук првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби. Споделува и фотографии од седницата, на кој се гледаат и празни столчиња околу него. Едното е на се’ уште актуелниот премиер во оставка Зоран Заев, кој останува на оваа функција до изборот на новата влада и негов наследник.


Другото празно столче е на вицепремиерот Никола Димитров, кој денеска на прес конференција јавно кажа дека тоа што нема да биде во новата влада не е негов избор, не му верува на Бујар Османи за преговорите со Бугарија, а за да го замолчат вели дека му нуделе да биде амбасадор во САД. Од фотографиите на официјалниот владин профил на Фликр се гледа дека на претпоследната 131 седница на Влада од 30 декември, седницата ја води Зоран Заев, а на неа бил присутен и Никола Димитров. Празно е столчето на Артан Груби.