Како да аплицирате за финансиска помош за струја – документи и детали за огласот – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/22 9:07 AM

Како да аплицирате за финансиска помош за струја – документи и детали за огласот

На сајтот на Министерството за економија објавен е јавниот оглас за финансиска поддршка за лицата со ниски примања за плаќање на сметките за струја. По овој оглас се очекува да се одредат 7500 семејства, кои ќе добиваат по 600 или 800 денари помош. Доделувањето на  финансиска поддршка е за лицата со ниски примања во 2022 година, чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за:

  • самец до 15.194 денари;
  • домаќинство со два члена до 18.000 денари;
  • домаќинство со три члена до 21.000 денари
  • домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и
  • домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари

Доделувањето на финансиската поддршка го врши Министерството за  економија  преку селекција на пристигнатите барања од домаќинствата со примена на принципот  на најниски примања  во домаќинство во 2021 година за секоја од категориите наведени во овој оглас, се до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.

Повеќе информации и потребните документи на овој линк

Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.