Снежна Македонија со 69 см снег на Шапка, отежнат сообраќајот на Плетвар – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/22 8:15 AM

Снежна Македонија со 69 см снег на Шапка, отежнат сообраќајот на Плетвар

Минусни температури и снег во поголемиот дел од државата. Најстудено е на Попова Шапка, каде се измерени -8 степени, а има наврнато и најмногу снег – 69 сантиметри.

Маврово е со 20 сантиметри снег со измерени -7 степени, по што следува Крушево со 14 сантиметри снег и измерени -6 степени.

Во Берово каде се измерени -4 степени, во Крива Паланка, Битола и Прилеп -3, во Дебар -2 степена и во Скопје, Штип, Виница, Демир Капија, Куманово, Тетово, Охрид и Претор -1 степен. Во Дојран се измерени нула степени. Над нулата утринските температури се во Струмица и Гевгелија.

За денеска се најавува сончево и студено време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени.

Врнежи од снег утринава има на планинските превои Плетвар и Буково, а со помал интензитет и на Попова Шапка, Маврово и Агино-Миладиновци. Врнежи од снег има и во Прилеп, Железнец, Неготино, Демир Капија, Удово и Крушево.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека на планинскиот превој Плетвар се уште важи забраната за сообраќај за тешки товарни возила кои немаат зимска опрема.