Стапи во сила РЦЕП Договорот за најголемата зона на слободна трговија во светот – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/22 1:09 PM

Стапи во сила РЦЕП Договорот за најголемата зона на слободна трговија во светот

Регионалниот договор за сеопфатно економско партнерство (RCEP) стапи на сила, со што се создаде најголемата зона за слободна трговија во светот. Тоа е област населена со речиси третина од светското население и од која потекнува третина од светскиот бруто домашен производ (БДП). Договорот е потпишан на 15 ноември 2020 година и за прв пат ги собра трите технолошки и производствени сили, Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Кина досега немала билатерални договори од ваков вид со Јапонија и Јужна Кореја.

Покрај Кина, Јужна Кореја и Јапонија, сега кон Договорот се прилучија и Виетнам, Филипини, Камбоџа, Брунеи, Мијанмар, Лаос, Тајланд, Малезија, Сингапур, Индонезија, Австралија и Нов Зеланд.

Може само да се претпостави до кој степен РЦЕП, по првата година од спроведувањето, ќе го трансформира прекуграничниот бизнис на своите членки и ќе ја зголеми економската интеграција на регионот. Договорот се очекува многу брзо да ја претвори цела Азија во кохерентна трговска зона.

Извор и фото: novosti.rs