Протестите во Казахстан поради драстичниот скок на цената на горивата доведоа до насилства на улиците во кое беа убиени 164 луѓе, од кои 16 полицајци, а приведени се 8.000 демонстранти.
Во меѓувреме децата на бившиот лидер Нурсултан Назарбајев живеат раскошен живот и трошат милиони на луксузни патувања и недвижнини.
Фактот дека Назарбајев ја подготвувал најстарата ќерка Дарига за преземање на претседателската функција ја разбесна јаноста, додека младата наследничка Алија ужива во раскошот.
Алија Назарбајева (41), чие богатство се проценува на 220 милиони фунти, неодамна купи луксузен приватен авион вреден 18 милиони фунти и вила во центарот на Лондон за која издвои 8,75 милиони фунти. Со купувањето на вилата во Хајгејт си го остварила сонот да поседува резиденција во Бртианија откако цело богатство го префрли од Казахстан во офшор компании во Лихтенштајн и Британските Девствени острови.
Таа во 2006 година купи вила во Дубаи од 14 милиони долари, а инвестицијата беше откриена откако таа се искарала со финансиските советници на Назарбајев обвинувајќи ги дека проневериле средства и неосновано се богателе.
Информациите за богатството доаѓаат во моменти кога земјата ја потресоа силните протести. На удар се најде семејството Назарбајев кое е обвинето дека со години се богати, додека голем дел од населението се бори да преживее.
Ова семејство веќе долги години има силни финансиски врски со Велика Британија. Лани британската полиција загуби постапка пред Апелацискиот суд во Лондон во намерата да ја натера Алија да достави докази за потекло на парите за купување на три недвижнини вредни 80 милиони фунти во Лондон.
Говорејќи за нејзиното богатство, Назарбајева истакнала дека во 2006 година продала акции од кои заработила 325 милиони долари.
Извор: Nova.rs
фото: live-feeds.com, news.elegantsite.gr/