Дали Ѓоковиќ лажел – час позитивен, час негативен ПЦР тестот – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/22 9:46 AM

Дали Ѓоковиќ лажел – час позитивен, час негативен ПЦР тестот

Документите на тенисерот Новак Ѓоковиќ, што транспарентно беа споделени по вчерашното рочиште во Федералниот суд во Мелбурн, Австралија покренаа многу прашања, што според медиумите, треба да бидат истражувани од институциите. Додека Ѓоковиќ тренира за првиот меч на Австралија опен, американскиот новинар Бен Ротенберг го доведува во прашање документот, каде тенисерот потврдил дека никаде не патувал 14 дена пред да влезе во Австралија.

Белградски „Б92“ пишува дека се шпекулира дека Новак се подготвувал во Марбела, Шпанија, пред да пристигне во Мелбурн, каде е доведен во прашање неговиот настап на Австралија опен, без разлика што Судот ја прифатил неговата жалба и што почнал да тренира.

Австралискиот новинар Лијам Тепер ја доведува во прашање изјавата за патување на тенисерот.


Сагата со визата на Ѓоковиќ не е завршена, откако претставник на канцеларијата на министерот за имиграција Алекс Хок, рече дека прашањето се’ уште е отворено, иако денеска нема ништо да биде соопштено.
„Во согласност со соодветната процедура, министерот Хок темелно ќе го разгледа ова прашање. Бидејќи за прашањето се решава, поради правни причини несоодветно е дополнително да се коментира, изјави претставник на министерот за имиграција. пренесува „7News“.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се споделува ПСР тестот на Ѓоковиќ. Со скенирање на QR кодот може да се види комплетниот резултат од текстот. Но, овој тест, според овие пишувања, дава два различни резултати, односно и позитивен и негативен. Тестот изработен од Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“ и преведен на англиски беше основата за добивање на медицински исклучок за настап на Новак Ѓоковиќ на турнирот во Мелбурн. Иако, како што се тврди во дел од коментарите, не е прв пат, тестовите на ИЈЗ со скенирање на кодот да даваат различни резултати.