Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајка во скопско Ченто – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/22 9:46 PM

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајка во скопско Ченто

Според првичните информации од МВР, едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во скопско Ченто.

Денеска околу 17.35 часот пријавено е дека на ул.„М.А.Ченто“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП линија бр.65, управуван од С. С.(1961) од Скопје и ПМВ „Голф“ со скопски таблички, управувано од С.О.(1982) од Скопје.

Од страна на ИМП констатирана е смрт кај С.О. Возачот на автобусот и еден сопатник од автобусот пренесени се во УЦ „Мајка Тереза“, а тројца сопатници од автобусот пренесени се во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

МИА