Пожар зафати куќа во кавадаречко – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/22 6:18 PM

Пожар зафати куќа во кавадаречко

Пожар зафати куќа попладнево во кавадаречко Возарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираат дека пожарникарите од Противпожарната единица Кавадарци со брза интервенција го изгаснале пожарот.

– Иако е рано да се процени материјалната штета, од страна на градоначалникот ќе се направи се за да му се помогне на семејството, нагласуваат од кабинетот на градоначалникот.

МИА