„Јас се викам Ковид и не сум вирус“. Таа реченица стои во биографијата на Твитер на Ковид Капур, претприемач од Индија, кој поради неговото име стана тема на шега на интернет.
Инаку, зборот ковид значи научен, а потекнува од хинду химна посветена на индиското божество Хануман.
За Ковид, сепак, сè се промени со пандемијата на корона вирусот. Тој стана тема број еден во градот и вистинска сензација.
So! Since the last thread got sooo viral – and I feel like a mini-celeb now – thought I’ll share a bunch of funny names related incidents.
— Kovid Kapoor (@kovidkapoor) January 5, 2022
Ковид сподели на социјалните мрежи урнебесни искуства поврзани со неговото име – од шеги што пријателите ги правеа за него кога наполни 30 години, до тоа како Ковид нарачува пиво Корона.
„Еј Ковид, остани позитивен“, гласи еден коментар.
Друг изјави дека фактот што Ковид стана вирален е една од најсмешните и најпозитивните работи оваа година.
извор и фото: rtcg.me