(Вознемирувачко видео) Страшна авионска несреќа: Пилотот извлечен од авионот, а потоа на него налета воз – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/22 11:26 AM

(Вознемирувачко видео) Страшна авионска несреќа: Пилотот извлечен од авионот, а потоа на него налета воз

Во Лос Анџелес се случи стравична авионска несреќа во која благодарение на полицајците херои пилотот извлече жива глава.

Полициските службеници беа прогласени за јунаци откако го извлекоа човекот од авион кој се сруши неколку секунди пред да го удри возот кој надоаѓаше во тој момент. Драматичното видео ги прикажа полицајците како реагираат на срушениот авион кој се сруши на железничката пруга во населбата Пакоима.

Полицајците се борат да го ослободат крвавиот пилот од малиот авион, ги влечат парчињата метал за да направат место тој да излезе. Тој се ослободува за момент и само пет секунди откако излезе, возот удри во авионот.

Местото на падот се наоѓа во близика на аеродромот од кој полетал авионот. Полицијата потврди дека авионот останал без струја пред да падне и дека пилотот бил сам.

 

 

Извор: Mondo.rs