Австралиските власти сакаат да го уапсат Ѓоковиќ потврди неговиот брат за српската „Прва ТВ“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/22 9:42 AM

Австралиските власти сакаат да го уапсат Ѓоковиќ потврди неговиот брат за српската „Прва ТВ“

Иако австралискиот суд ја поништи одлуката со која му се укинува визата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, неговиот брат Ѓорѓе за телевизијата „Прва српска“ потврдил дека има големо присуство на полицијата и бели комбиња, кои дошле да го апсат тенисерот. Засега нема официјални потврди и тоа се медијски информации.

Телевизијата пренесува и изјава на Нина Марковиќ Казе, политиколог и директор за комуникации во компанија која се занимава со имиграциско право во Австралија ,која изјавила дека Новак Ѓоковиќ во моментов е уапсен во Мелбурн. Според нејзините сигурни информации, Новак Ѓоковиќ во моментов е приведен и чека депортација.

„Б92“ објави дека Австралиските власти изјавија дека иако Ѓоковиќ го добил случајот на суд, но тоа не значи дека неговата виза е валидна и дека може да биде депортиран бидејќи не е вакциниран. Со тоа, нема основа да остане во Австралија. Министерот за имиграција има четири часа да донесе одлука за депортација.