ДУИ бара од Таравари да се извини и веднаш да ја избрише објавата, затоа што го цитира Хитлер – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/22 7:51 PM

ДУИ бара од Таравари да се извини и веднаш да ја избрише објавата, затоа што го цитира Хитлер

ДУИ со реакција на објавата на генералниот секретар на Алијанса, Арбан Таравари.

„Неверојатно, но за жал вистинито. Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса, Арбен Таравари, го внесува Адолф Хитлер во политиката на Северна Македонија преку неприфатлива, скандалозна, страшна, бесмислена и неиспровоцирана метафора напишана на неговата Фејсбук страница.
Таравари бесрамно го цитира Хитлер: „пошто народот гласаше за нас, сега нека ја трпи и смртта!“
Таравари без никакво одлагање треба понизно да им се извини на сите жртви, нивните семејства, на граѓаните и веднаш да ја избрише својата објава на Фејсбук,“ се вели во реакцијата на ДУИ.
Еве што објави Таравари на ФБ