Нема повеќе услови за физичка настава, сметаат од движењето Поддршка за онлај настава – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/22 7:40 PM

Нема повеќе услови за физичка настава, сметаат од движењето Поддршка за онлај настава

Утре во 12 часот пред Владата ќе се одржи прес конференција на движењето ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА, произлезено од  ФБ група со над 15 000 членови. Темата на прес конференцијата е онлајн наставата.
„Во првото полугодие учениците од основите и средните училишта наставата ја посетуваа во најголем број со физичко присуство, додека еден дел од учениците, според одлукатата на Владата од август 2021 година, поради различни причини ја посетуваа на онлјан принцип. Дел од учениците не беа вклучувани, дел беа уценувани од одредени просветни работници. Сметаме дека правото на образование е загарантирано со уставот, а дел од законите се грубо прекршени, “ се вели во објавата.

Од ФБ групата сметаат дека  има нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, и сетаат дека  нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, не се почитуваат на протоколи, не се тестираат ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што сметаат дека  за кратко време ќе се доведат во смрттна опасност голем број на семејства.
„Бараме, најитно Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука во контескст на Владата на РСМ да донесат одлука со која второто полугодие ќе започне со онлајн настава за сите ученици. Според здравстевните стручњаци пикот на епидемијата ќе се случи на почетокот на февруари, а здравјето е приоритет на секоја држава. Посебно здравјето на децата, хроничо болните и повозрасните кои се најчести жртви на оваа болест. Одговорноста за ова лошо сценарио ќе ја сноси Владата на РСМ,“ се вели во објавата на движењето ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА.