Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла од 15 – 20 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка и од 80 – 100 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
AMSM