Визит-картичката не е изум на Европа. Таа е измислена и направена за прв пат во Кина, многу одамна.
Пред илјада години Кинезите користеле визит-картички зошто имало вистинска потреба за тоа , пишува „Службен весник“ на 8 јануари пред 120 години.
„Да немаше визит-картички во Кина, ќе беше невозможно да се знае статусот на личноста што доаѓа на гости, а тоа било многу важна работа“, се наведува во Службениот весник.
И додека кај нас и во другите делови на светот на визит-картичките се печатат имињата и занимањата, во Кина тие се користат со друга намена.
„Таму статусот се познавал по големината на картата. Наводно вице-кралот Пецили му испратил толку огромна визит-карта на вонредниот англиски амбасадор, Лорд Мекарти, што ја носеле шест лица. Од неа можело да се направи огромен шатор“, се вели во текстот.