Посебен сообраќаен режим во Скопје на 10,11 и 12 јануари-Илир Мета од утре во посета на Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/22 3:35 PM

Посебен сообраќаен режим во Скопје на 10,11 и 12 јануари-Илир Мета од утре во посета на Македонија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје  дека на 10, 11 и 12.01.2022 (понеделник, вторник и среда) во официјална посета на  Македонија ќе престојува  Претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

МВР во наведените денови ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците  на поширокото централно подрачје на Скопје.
СВР Скопје апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.